Ако сакате џин и тоник, тогаш мора да го испробате овој рецепт за залдолед со џин и тоник. Замрзнатиот десерт е идеален за дружење со пријателите и гостите, а поради неговите состојки сигурно ќе придонесе за подобра и повесела атмосфера.

Состојки:

– 450 мл.тоник

– 75 мл. џин

– исцеден сок од една лимета

– 100 милилитри сок од бозел

– неколку тенко исечени парчиња свежи листови од нане и кругови од краставица

Постапка:

Во бокал измешајте го тоникот, џинот, сок од лимета и сок од бозел. Истурете ја смесата во 10 калапи за мраз со капацитет од 90 милилитри или во поголеми по желба, додадете парчиња краставица, лисја од нане и на крај дрвени стапчиња. Ставете во замрзнувач и оставете ги лижавчињата да стојат додека не се стврднат.

На видеото во продолжение погледнете како се прават.

By Admin