Дваесет и први век, во какво опшество живееме, кои се вредностите што треба да се ценат. Дали децата имаат доволно внимание од родителите кога трба да се оформи личноста или се препуштени сами на себе. Трчајки да се обезбеди матријалното се заборава на духовното. Се се ова прашања кои треба да си ги поставиме затоа што се почесто е врсничкото насилство.
Петте тинејџери кои го нападнале девојчето се на возраст од 12 до 16 години.
Видеото на кое се гледаат пет момчиња кои се преправаат дека групно силуваат девојка (12) е уште еден пример за насилство од врсници што ја потресе Германија.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како девојката вреска и се обидува да се одбрани, но тие продолжуваат да ја мачат.
Сопственикот на камерата кои го снимил овој инцидент отишол во полиција и ја предал снимката. После тоа полицијата започнала истрага.
Минхенската полиција соопшти дека еден од младите барал пари од девојката додека држел мал џебен нож во раката, а тој наводно и се заканувал и пред да ја нападнат.
Првите резултати од истрагата покажале дека девојката ги познавала тинејџерите кои ја нападнале, пишува RTL.
Петте тинејџери се на возраст од 12 до 16 години.
Случајот со врсничко насилство го презеде Обвинителството во Минхен. Тие се товарат за обид за изнуда и сексуално вознемирување.
Двајцата млади се на возраст под 14 години и нема да бидат кривично гонети.