Минисрерот за правда на Данска во понеделник ќе се сретне со својата колешка од Косово како би го потпишале споразумот за закуп на 300 затворски келии во вредностод 210 милиони евра.

Од владата на Косово потврдуваат дека во понеделник ќе бидат објавени сите детали околу споразумот помеѓу двете минисерства за правда, но она што е познато е дека ќе бидат земени во закуп келиите во Гнилање, кои према добро упатените се смета за најмодерен затвор во Косово.

Во затворот во Косово од незванични извори дознаваме дека нема да бидат носени осуденици за тероризам и оние со ментални проблеми.

Раководството на затворот ќе биде од Данска додека, затворските службеници ке бидат од Косово.

Данските медиуми го пренесуваат соопштението на Министерство за правда дека ова е споразум на одредено време , додека ситуацијата со данските затвори не се поправи.

Во соопштението пишува дека Данска се соочува со недостаток во затворите и персонал во нив.

Овој проект има за цел да ја намали пренатрупаноста на затворите во Данска и да се овозможи да се прошират за 326 места од 2022 до2025 година. За најавените реформи во затворскиот систем Данска одвоила околу 538 милиони евра.

By Author