Во кругот на фирма во струмичкото село Градско Балдовци, вчера од струен удар починал Р.М.(60) од Струмица, соопшти полицијата.

„Р.М. се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи и од здобиените повреди починал на местото“, се вели во полициското соопштение.

МВР информира дека бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството, се додава во соопштението.

By Author