Добро или лошо, животот е живот; тоа го сфаќаш само кога треба да ризикуваш.
ОВЕН
Работа: Не сте задоволни од деловните околности, чувствувате дека заслужувате поголема сума на пари и генерално подобра деловна позиција. Обидете се да останете смирени и да побарате подобри услови за работа на почетокот на 2023 година.
Љубов: Полната месечина кај Близнаците донесе хаос во брачниот живот на Овенот. На површина излегоа емоции кои долго време ги криете, обидете се да ги решите несогласувањата со партнерот. Слободните припадници на знакот фантазираат за личност од минатото.
Здравје: Емоционалната нерамнотежа влијае на целокупното здравје и го слабее вашиот имунитет.
БИК
Работа: Имате впечаток дека парите ви излегуваат од раце, добро испланирајте го трошењето. Ве очекува стабилна деловна ситуација, задоволни сте од постигнатите успеси. Односот со деловните соработници се подобрува, имате можност за конструктивни разговори.
Љубов: На биковите им претстои мирна недела, нема големи промени на деловен план. Уживате во моменталните околности и сакате да се одморите. Слободните Бикови ги чека интересно познанство кое може да се претвори во врска.
Здравје: Добро.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Почетокот на неделата може да биде напнат, од вас ќе биде побарано да го објасните однесувањето на деловните соработници. Имате впечаток дека ви згрешиле, всушност се се случува заради формата. Нема причина да влезете во конфликт.
Љубов: На Близнаците им претстои продуктивна недела, ќе создадете позитивна атмосфера каде и да се појавите. Уживате во празничната магија и сакате да ги задоволите саканите. Слободните ќе уживаат во лежерниот флерт.
Здравје: Останете доследни на продуктивни, здрави навики.
РАК
Работа: Акцентот е ставен на секојдневниот живот и административните задачи кои не можете да ги избегнете. Обидете се да одржите добра концентрација за да избегнете грешки. Задоволни сте од финансиската состојба, нема поголеми промени.
Љубов: Мислите ви талкаат, се уште фантазирате за минати времиња, што ве доведува во заблуда. Медитацијата и физичката активност можат да ви помогнат да се фокусирате на сегашниот момент. Раковите во врска и брак се посветени на секојдневните обврски.
Здравје: Потребен ви е квалитетен сон и одмор.
ЛАВ
Работа: Сакате да создадете подобри деловни околности за себе и драги луѓе, имате можност да му помогнете на пријател. Размислете дали лицето што го препорачувате за работата е доволно компетентно. На самиот почеток на неделата ве очекува финансиски прилив.
Љубов: Лавовите уживаат во движечката енергија што им ја донесе Полната Месечина во изминатите неколку дена. Следната недела е совршена за реализација на плановите, ја имате поддршката од партнерот. Нема големи промени за слободните Лавови.
Здравје: Одлично.
ДЕВИЦА
Работа: Претстојната недела не носи нови околности на деловен план, можете да се посветите на личните обврски. Генерално, на работа не ве очекуваат поголеми проблеми до крајот на декември, па можете да се одморите.
Љубов: Ви се буди желбата за вистината и не поднесувате изговори и од членовите на семејството и од партнерите. Обидете се да разговарате смирено и да ги решите сомнежите. Слободните Девици уживаат во кругот на пријатели, не сакате да го менувате статусот во моментов.
Здравје: Добро се чувствувате.
ВАГА
Работа: Задоволни сте од деловната ситуација, свесни сте дека промените не можат да се случат преку ноќ. Завршувате со сериозни деловни проекти, за да уживате во празничната магија во наредната недела. Ве очекува парична добивка.
Љубов: Ви претстои поволна недела за комуникација со партнерот, можете да ги решите сите сомнежи. Многу Ваги ќе се ослободат од чувството на вина што долго време ги мачи. Слободните Ваги очекуваат страсна средба со личност од минатото, со која се во контакт подолго време.
Здравје: На вашето тело му недостасува физичка активност, движете се.
ШКОРПИЈА
Работа: Нема причина да ги доведувате во прашање вашите вредности и знаењето што го поседувате. Не дозволувајте вашите колеги неправедно да ве остават во втор план. Борете се за себе! Ве очекува стабилна финансиска ситуација.
Љубов: Ретроградниот Марс во наредната недела внесува немир во вашиот љубовен живот, премногу сериозно ги сфаќате зборовите на партнерот и наеднаш влегувате во конфликт. Остани смирен! Слободните Скорпии размислуваат за бившиот партнер, би сакале да ја обноват љубовната врска.
Здравје: Добро се чувствувате.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Многу Стрелци ќе се одморат и ќе уживаат дома во наредната недела. Доколку не можете да си дозволите одмор, обидете се да ги завршите важните задачи до среда, така што четврток и петок ќе бидат порелаксирани. Во принцип, нема големи промени.
Љубов: Стрелците копнеат за долги патувања, одмори и тропски истражувања. Споделете ги вашите фантазии со вашиот партнер. Слободните Стрелци не очекуваат големи промени на љубовно поле, тие уживаат во својот соло статус.
Здравје: Одлично.
ЈАРЕЦ
Работа: Ви талка умот, не сте концентрирани, што може да создаде проблеми во односите со колегите. Не влегувајте во расправии, исправете ги грешките и прифатете ја одговорноста. Блиски роднини или пријатели може да ви побараат заем.
Љубов: Непредвидливото однесување на партнерот влијае на вас, не можете да престанете да размислувате за тоа како се чувствува вашата сакана. Обидете се да се концентрирате на секојдневието и да не ги губите од вид важните обврски. Слободните Јарци ги очекува стабилна недела.
Здравје: Вистинско време е за превентивни прегледи.
ВОДОЛИЈА
Работа: Водолиите очекуваат признание, деловен успех и покачување на платата во наредната недела. Во претходниот период се залагавте за себе но и за колективот, за да постигнете цели. Вашите напори не поминаа незабележано, време е да уживате во плодовите на вашиот труд.
Љубов: Слободните имаат можност да започнат интересна врска, која може да прерасне во брак. Уживајте во заедничкото излегување! Водолиите очекуваат стабилна недела во врската и бракот, нема поголеми промени во односот со партнерот.
Здравје: Нема да сакате јака, мрсна храна.
РИБА
Работа: Не сте сигурни дали е вистинско време да ја промените работата, но копнеете по подобар деловен и материјален статус. Не избрзувајте со вашите одлуки! Обидете се да заштедите пари во наредната недела.
Љубов: Многу Риби се посветени на уредувањето на домот и секојдневните обврски кои го окупираат нивното внимание. Обидете се да се одморите за време на викендот! На љубовен план нема поголеми промени, задоволни сте од моменталните околности.
Здравје: Одморете се.