Секој од нас има своја визија за вила од соништата, а најсреќните меѓу нас успеваат своите соништа да ги претворат во реалност …
За нив, куќите од соништата не се само четири sида со покрив и прозорци, туку се создадени во форма на куќа од дрво во форма на конус со поглед на норвешкиот фјорд, имаат посебна тема и слично. Меѓутоа и за љубителите на авантурите, постои неверојатна куќа дизајнирана од Милад Естијаги, која е монументална и се наоѓа на карпа.
Животот на раб добива сосема ново значење кога ќе одлучите да живеете во средина што и пркоси на гравитацијата и се однесува како да ќе падне во бездната во секој момент. Оваа семејна вила, која дефинитивно не е наменета за оние со слабо срце или страв од височина, се наоѓа во Канада.
Изградбата на вилата доаѓа од идејата да се избегне оштетување на постојните дрвја на избраното место. За да го направи ова, дизајнерот користел серија „кутии“, кои се распоредени вертикално и хоризонтално околу дрвјата. На тој начин, дрвјата останаа таму каде што се, додека сопствениците на куќата добија неверојатен двор во центарот. Покрај тоа, куќата е поделена на три основни нивоа.
Првите два ката се наменети за помладите членови на семејството и нивните родители, додека третиот содржи простор за рекреација. Куќата е совршен пример за отвореност и транспарентност, со неколку кутии што пропуштаат изобилство природна светлина на секој агол од неа и ја искористуваат убавината на канадскиот пејзаж.
Оланинарска куќа за да го искористи максимално погледот што се протега пред него, доби базен со стаклено дно, што е дел од нејзината неконвенционална структура.
Дали би се осмелиле да живеете во оваа вила?