Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин.

– Нелегалната војна на Русија во Украина продолжува да сее смрт и страдање секој ден. Како што зимата се интензивира, Русија ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина. Тие се обидуваат да ги замрзнат и изгладнуваат Украинците. Путин ја користи зимата како оружје. Не смееме да дозволиме да победи, а НАТО нема да биде дел од конфликтот. Нема да бидеме вовлечени во војната на Путин – рекол Столтенберг, пренесува сајтот на НАТО.

Тој додаде дека ако Путин победи, тоа само ќе ги зајакне авторитарните лидери да користат сила за да ги постигнат своите цели. „Тоа би го направило светот поопасно место, а сите нас многу поранливи. Затоа задачата на НАТО е да ја поддржи Украина и да спречи војната да се шири понатаму. Ова го правиме со испраќање јасна порака до Москва дека ќе ја браниме секоја на нашите сојузници. Затоа го зголемивме нашето присуство во источниот огранок на Алијансата“, рече Столтенберг.

By Author