Новиот француски предлог беше капката што ја прели чашатa кај македонскиот народ. Доста беше,за влез во ЕУ се откажавме од многу работи а за возврат не добивме ништо доста беше.
На четвриот ден од протестите ситуацијата ескалираше пред Собранието на Република Македонија има повредени полицајци и демонстранти. Полицијата и народот дали не се од иста држава.
Многу млади уапсени а 47 полицајци повредени, дали навистина е ова она што го сакаме и дали вака мора да биде.
Демонстрантите, фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои си ја извршуваа работата обезбедувајќи ги државните институции.
Полицијата која стоеше таму пред Собранието беше вербално и физички нападната од демонстрантите како да го бранат францускиот предлог и денешниве политичари, а тие само си ја работеа работата исто као некој лекар, работник во фабрика, наставник, актер….
Дали некој од тие што беа на протестот, повозрасните, не оние деца од по 15-16 години, се сеќаваат дека луѓето во полицијата, тие денес што стојат пред нив, се истите тие луеѓе што ѓи бранеа друѓите додека траеше шарената револуција, тие се истите полицајци кои беа фарбани со боја погодувани со бекатонки, тие се истие што ја штитеа предходната влада, ја штитат сега оваа а ќе ја штитат и наредната.
А полициската униформа ја носат со гордост затоа што со тоа што ќе бидеш полицаец нема да добиеш ниту слава, ниту пари,ниту моќ оваа работа ја работиш од љубов кон својата земја и поголеми патриоти од нив нема, затоа што додека другите пакуват куфери со визите во пасош овие луѓе стојат пред вас секој ден и по 15 часа.
Народот треба да испадне и да си го каже своето мислење, политичарите треба да го видат и слушнат оти само така можеби ќе сватат дека доста му е на овој напатен народ.
Протести ДА насилство НЕ од ни една страна.