Откако германскиот весник Шпигел објави дека канцеларот Олаф Шолц ја одбил поканата од Белата куќа да дојде во Вашингтон за да разговара за кризата на украинската граница со американскиот претседател Џозеф Бајден, меѓународната јавност почна да шпекулира како Шолц се однесува чудно.
Се наведува и дека Белата куќа поради тоа го испратила Блинкен во Берлин, за да му објасни на Шолц дека мора да ѓи поддржи острите санкции против Русија.
Поради огромниот притисок од јавноста, Шолц бил принуден да ги демантира пишувањата на споменатиот весник.
Тврдењето го демантираше и Белата куќа, која наведе дека ваквите шпекулации може да го нарушат единството на Западот, бидејќи најистакнатите претставници на Русија и САД не успеаја да постигнат напредок за време на исцрпните разговори во Женева.
Германија молчи
Но, факт е дека Германија го одби барањето на Украина за воена помош и упорно одбива да размислува за оневозможување на работата на рускиот гасовод Северен тек 2, кој оди во Германија, во случај на војна.
Исто така, минатиот месец Украина ја обвини Германија дека ја блокира испораката на оружје преку НАТО.
Исто така, постојат индиции дека Вилијам Барнс, директорот на ЦИА, полетал за Берлин на почетокот на овој месец за да му ѓи покаже на Шолц податоците од разузнавањето за акумулацијата на руски војници долж границата со Украина.
Притисок врз Шолц
Германскиот канцелар, кој е на почеток на посериозна политичка кариера, постојано се соочува со притисоци од левата фракција во неговата Социјалдемократска партија, која негува симпатии кон Русија.