Вечера околу 00часот во ресторан во Дебар маало физички бил нападнат директорот на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски од страна на синот на пранешниот министер и вицепремиер Муса Џафери, Ариијанит Џафери.
Од страна на очевидци излегоа неофицијални информации дека на физичкиот напад му претходела вербална расправија околу постапката која ја започнала Комисијата за енергетика за одземање на лиценцата на фирмата “У пауер” која е во сопственост на Џафери.
Од МВР велат “Случајот е чист. Има видео, се гледа напаѓачот. Во полиција пријавен е физички напад. Напаѓачот ќе си биде викнат во полициска станица. Во зависност од повредите на нападнатото лице, ќе се знае дали ќе биде поднесена прекршочна или пак кривична пријава против напаѓачот”
Додека од РКЕ велат дека нападот врз Бислимовски нема да смени ништо „РКЕ нема да отстапи од спроведувањето на Законот и ќе продолжи со соодветните постапки“, велат оттаму.