Во текот на вчерашниот ден (20.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи. Од нив шест возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 37 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 63 надвор од населено место-соопштуваат од МВР.