Шпанската кралица Летиција секогаш е облечена со вкус и по мерка но и ефектот на гламур никогаш не изостанува.Така беше и кога се појави на одбележувањето на 90 години од денот кога жените во Шпанија добија право на глас.
Имено кралицата се појави во елегантно црвено одело кое ги привлече сите погледи.Роберто Торета е дизајнерот на ова софистицирано парче облека а самоуверената Летиција знае дека црвеното од глава до пети е секогаш полн погодок,комбинацијата ја надополни со црвени салонки и кроко ташна во иста боја.
Фактот дека успеа ѕвонести панталони со шлиц на дното кои се модерни во моментов да ги комбинира со добро познатата класика ја прави уште еднаш да се истакне како модна икона