Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, соопшти дека е потребно многу внимателно да се повлече политичката поддршка дадена во борбата против пандемијата со Корона и дека светот треба да биде подготвен за зголемување на каматните стапки.

Георгиева зборуваше за состојбата на глобалната економија преку видео конференција организирана од страна на Институтот на Европски универзитет, пренесува „Anadolu Agency“.

Посочувајќи дека глобалната економија започна да се подобрува во април, Георгиева рече дека економиите на Соединетите Американски Држави (САД) и Кина се „два мотора кои работат напорно“.

Георгиева додаде дека очекува оти Европската унија (ЕУ) ќе ги стигне овие две економии во летните месеци, благодарение на вакцинацијата, истакнувајќи дека верува дека заздравувањето ќе се забрза. Нерамномерно закрепнување потсетувајќи дека глобалната економија се очекува да порасне за шест проценти оваа година и за 4,4 отсто следната година, Георгиева посочи дека нерамномерното закрепнување меѓу земјите останува сериозен проблем.

Таа потенцира дека е неизбежно да се повлече политичката поддршка дадена во борбата против пандемијата, додавајќи дека е многу важно тоа да се спроведе многу внимателно.

„Треба да се подготвиме за зголемувањето на каматните стапки. Особено е важно да се следат каматните стапки во САД бидејќи таму има значително движење “, рече Георгиева.

Како што изјави таа, земјите кои сè уште не бележат раст и имаат акумулирано долг, би можеле да се најдат во многу тешка ситуација во потенцијално опкружување на зголемувањето на каматните стапки.

Коментирајќи ги дискусиите за укинување на правата на интелектуална сопственост за вакцините против КОВИД 19, Георгиева посочи дека постојат силни економски аргументи за отстранување на бариерите за производство и дистрибуција на вакцини, но дека укинувањето на правата на интелектуална сопственост треба да биде придружено со други мерки.

Izvor: Aljazeera Balkans

By Admin