Свети 40 маченици во Севастија (Младенци)

Празник на младоста, љубовта и бракот

Со векови наназад кај нас има посебен празник кој стана своевидна прослава за младите брачни парови. Станува збор за младенци, кои секоја година се слават на овој ден, а ги одбележуваат брачните парови кои се венчале по 22 март претходната година. Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. Денеска, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стариот календар) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Поголем број обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со бројот 40 во спомен на четириесетте маченици од Севастија.Многубројни обичаи се уште од минатото.
На овој ден, жените станувале рано и меселе 40 колачиња, кои симболизираат долг, благ и среќен живот. Колачињата ги печеле и премачкувале со мед. Гостите што доаѓаат во домот на венчаните со подароци е модерен обичај. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите што биле повикани на свадбата. 

Младенци се посветени на споменот на страдањето на светите 40 војници што во 320 година преминале во христијанството, и покрај забраната на царот. Сите биле војници во римската војска и верувале во Исус Христос. Поради својата вера, овие војници најнапред се бичувани, на главата им биле ставени венци со кои ги овенчале со Христовата љубов, а потоа ги удавиле. Венците и денес имаат три симболики. Царски венци – секој човек е цар во своето мало царство, односно во својот дом, маченички венци, зашто во бракот треба да се поднесува и жртвувањето, и венци на бесмртната слава – онаа, во царството на Исус Христос. Со ова се укажува дека брачните партнери треба да бидат верни, и дека верноста и љубовта никакво искушување не смее да ги совлада.

Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. 

Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“, па затоа штом ќе станете погледнете надвор и ќе дознаете каква време не очекува оваа пролет.Ако биде сончево, пред нас е убаво време и многу сонце, се до летото, а ако паѓа дожд, дува ветер и временските прилики не се добри, пред нас е турбулентен периот.

Затоа погледнете низ прозорец, доколку силно се насмеете и имате позитивни мисли, се верува дека невестата може да ги растера и облаците. Затоа насмевка на лице и верба дека се ќе биде добро.

Во минатото овој празник во Македонија го празнувало не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“.

Во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневница, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес, многу од овие обичаи се заборавени. Но, сепак, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. 

By Author