Човекот чие име со години се изговараше со шепот денес беше осуден на 8 години затвор во случајот “Трезор”
Покрај прво обвинениет Сашо Мијалков за случајот Трезор осудени беа и началниците Тони Јакимовски, Небојша Стајковиќ кои добија по 5 и Горан Грујевски кој доби 15 години затвор кои одговараа за злоупотреба на службена положба и помагање во судскиот случај „Трезор”
Најголема е казната за Горан Грујевски кој е во бегство во Грција.
Случајот „Трезор” се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на шпиунски софтвер за потребите на УБК од фирма од Велика Британија.
На обвинетите според пресудата ќе им се конфискуват парични средства во висина од 838.106 денари и 145.619 евра и автомобил Ауди А4 а ќе треба да ја надополнат штетата со парични средства во износ од 21.158.296 денари.