„Менхетенхенџ“, спектакуларното зајдисонце кое се случува двапати годишно во Њујорк, повторно ги остави без здив сите оние кои тој ден беа во „Големото јаболко“.
Во спектакуларната сцена од овој редок феномен во кој сонцето заоѓа точно во линија со главните улици на Менхетен, њујорчани имаа можност да уживаат во недела и понеделник, за прв пат од почетокот на годината.
Поради оваа нереална глетка, њујорчани и туристи се собираат на улиците на делот исток-запад, за да ја видат „златната топка“ меѓу високите згради и небото осветлено од црвената боја на сонцето што заоѓа. Додека сонцето буквално минува меѓу зградите, деновиве се прават неверојатни фотографии.
Следниот пат кога оваа појава ќе се случи е на 12 и 13 јули.
Нил ДеГрас Тајсон, њујорчанец и астрофизичар во Американскиот музеј за национална историја, го направи познат терминот „Менхетенхенџ“.
Бидејќи овие феномени се случуваат во еднакви временски периоди, непосредно пред и во текот на летниот период од годината, Тајсон го споредил овој феномен со англискиот Стоунхенџ, кој исто така бил поставен така што непосредно пред летниот период сонцето изгрева и заоѓа низ центарот на овие. историски градби.