МОСКВА: Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека Русија навистина не се грижи што Г7 не ги признава промените на границите на Украина и повика да не се заборави преседанот со Косово.
„На Русија не и е грижа што Г7 не ги признава промените на границите на Украина, важна е волјата на луѓето кои живеат таму“, рече тој, пренесе Спутник.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на прес-конференција во саботата рече дека министрите за надворешни работи на Г7 никогаш нема да ги признаат промените на границите на Украина.

Медведев се осврна и на прашањето за испорака на оружје за Украина.

„Киев ќе добива оружје онолку колку што му треба. Односно, Г7 ќе продолжи да води тајна војна со Русија наместо да се занимава со проблеми во снабдувањето со гориво и храна за нејзините незадоволни жители“, напиша Медведев наТелеграм.

Извор: Танјуг

By Author