Санкционирани и исклучени од сообраќај 18 пијани возачи на подрачјето на Илинден и Петровец



На 17/18.12.2021, во периодот од 22.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на подрачјето на општините Илинден и Петровец за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 18 возачи.

Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а еден возач кој одбил алкотестирање со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 19 останати прекршоци.

Апелираме до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.

Претрес во Куманово, запленети пиротехнички средства

На 17.12.2021 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со околу 500 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведени две лица од Скопје за криумчарење мигранти

На 17.12.2021 во 22.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Куманово и во 22.20 часот на во с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот и Полициското одделение Матејче ги лишиле од слобода Ш.Б.(36) од с.Сингелиќ, скопско и Г.Ј.(46) од Скопје.

Околу 22.00 часот на автопатот Табановце-Куманово, полициски службениици го забележале Ш.Б. како со возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки, превезува мигранти. Истовремено, на истата локација бил забележан и Г.Ј., како со возило „рено флуенс“, со скопски регистарски ознаки, превезува мигранти.

Двајцата не застанале на даден знак за запирање, но во 22.10 часот Ш.Б. бил сопрен и во неговото возило биле пронајдени четири лица – мигранти од Индија, додека во 22.20 часот во с.Љубодраг, кумановско, биле пронајдени уште пет лица – мигранти, кои од возилото ги симнал Г.Ј.. Малку подоцна во с.Никуштак, Г.Ј. бил запрен и лишен од слобода.

Возилата биле одземени, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претрес во Виница, пронајдена дрога

На 17.12.2021 во 22.55 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода Д.Д.(26), Ф.Д.(24), К.С.(21), С.Ѓ.(20) од Виница и П.Ѓ.(21) од Кочани. При претрес во домот на Д.Д. и Ф.Д., извршен со судска наредба, каде биле затекнати и К.С., С.Ѓ. и П.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Author