Од 00.00 часот до 04.00 часот (01.06.2021) констатирано е дека седум лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (31.05/01.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 238 прекршоци.
На 31.05.2021 во периодот од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола биле констатирани 18 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. При контролата биле констатирани и 14 прекршоци за пречекорување на брзината, 2 за нерегистрирани возила, 12 за управување возило без возачка дозвола и 4 за некористење сигурносен појас. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.
На 31.12.2021 во периодот од 23.15 до 23.35 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода биле лишени M.Ц.(60) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „даф“ и полуприколка „серин“ со турски национални ознаки, A.Ф.K.(29) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „даф“ и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки и O.K.(56) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „рено“ и полуприколка „сари маз“ со турски национални ознаки, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување на исправа – зелена карта“. Лицата биле предадени на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 01.06.2021 во 00.05 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“ од полициски службеници бил приведен С.О.(65) од Скопје бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка во службената евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Сектор за меѓународна полициски соработка. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Чаир за спровод до Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ – Скопје.
На 31.05.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје, М.П.(73) од Скопје пријавила дека на ул.„Наум Охридски“ била касната од куче скитник.
На 31.05.2021 во СВР Скопје, М.М.(29) и М.П.(82), двајцата од Скопје, пријавиле дека на ул. „Бледски договор“ биле каснати од куче скитник.
На 31.05.2021 во 10.30 часот на ул.„Радовишка“ во Прилеп, патничко моторно возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(64) од Прилеп, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.(59), а возачот Д.Б. се здобил со повреди и на истите им била укажана лекарска помош во Медицински центар Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
На 31.05.2021 во 15.00 часот на паркинг простор од зграда на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко моторно возило „јагуар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(76) од Скопје, удрило во паркирано товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од З.А.(29) од с.Долно Свиларе, скопско и пешак М.Ј.(74) од Скопје. Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.