Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 29.03.2021 пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07.04.2021, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.

На 12.04.2021 околу 13.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(50) од Скопје. По незгодата, кај сопатникот во патничкото возило „мерцедес“  Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, додека кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

На 12.04.2021 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои вршат неправилно престигнување. Притоа, биле констатирани 55 прекршоци од кои 11 по акциската контрола и 44 останати прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. 

На 12.04.2021 околу 15.00 часот на регионалниот пат Гостивар-Градец, на Врапчишки надвозник, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено маскот“,  управувано од Х.Е.(37) од гостиварска Симница, патничко возило „мерцедес“, управувано од 33-годишниот Д.А. од гостиварска Горна Бањица и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.Б.(62) од гостиварско Дебреше, сите со гостиварски регистарски ознаки. Во незгодата, сопатничката од возилото „мерцедес“, Н.С.(83) се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На 12.04.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 22 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 11 за пречекорување на брзина, 3 за некористење сигурносен појас, 2 користење мобилен телефон и 3 за непрописно паркирање.

На 12.04.2021 во 16.20 часот на ул.„Кеј 1 Мај“ во Прилеп, Ј.А(58) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „томос“, со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитна ограда. По незгодата, Ј.А. бил пренесен во Општата болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

На 10.04.2021 на подрачјето на СВР Охрид  реализирани се засилени акциски контроли во сообраќајот кон возачи кои вршат престигнување на недозволено место. Притоа, полициските службеници регистрирале вкупно 43 прекршоци (Охрид-16, Струга-13, Кичево-09, Дебар-05). На  возачите им се изречени соодветни санкции.

На 12.04.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Центар, А.А.(21) од Скопје пријавила дека на  ул.„Никола Карев” во Скопје била касната од куче скитик.

На 12.04.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, регистрирани се 10 прекршоци, од кои седум во Велес и три во Кавадарци, кои ќе бидат соодветно санкционирани.

На 12.04.2021 во 13.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.Ѓ.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Анри Барбис” во Скопје била касната од куче скитник. 

By Admin