На 21.04.2021 околу 18.15 часот во с.Здуње, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Х.(32) од с.Дуф, гостиварско и малолетник од гостиварско Орќуше, кои во возило „ланчија“, без регистарски ознаки, превезувале огревни дрва без потребните документи. Возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција за натамошна постапка. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 21.04.2021 во 13.30 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош на подрачјето на Карпош, по наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил приведен Ж.Д.(67) од Скопје, поради тоа што се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по чл.297 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен до КПУ Идризово.
Во текот на 21.04.2021 на подрачје на Полициска станица Струмица биле преземени засилени мерки кон учесниците кои ги кршат правилата во сообракајот, при што било констатирано дека 23 возачи управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Констатираните прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 21.04.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, М.С.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ бил каснат од куче скитник.
На 21.04.2021 во 17.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Добрејци, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило удрило во велосипед, управуван од Ј.К.(78) од село Добрејци, по што го напуштило местото на незгодата. Притоа велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.04.2021 во 12.10 часот во Полициската станица Гази Баба, И.К.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Коце Металец“ била касната од куче скитник.