Откриено е дека осомничениот за силување пред десет години дознал дека боледува од ХИВ

Полицијата во Днепропетровск уапсила постар маж осомничен дека силувал девојче (12) во куќата на неговите поранешни пријатели.

Окружното обвинителство соопшти дека осомничениот дошол во куќата во Синелниково, каде што живееле неговите пријатели, а кога сфатил дека таму живее друго семејство со деца, а родителите не се дома, провалил и го нападнал девојчето, пренесува Обозревател.

Во моментот на злосторството во куќата со девојчето бил и помалиот брат, кој од страв истрчал во дворот и се сокрил.

Соседите ги слушнале врисоците на девојчето и повикувањето на помош, па веднаш повикале полиција која веднаш го уапсила.

Во текот на истрагата било утврдено дека на дотичниот му бил дијагностициран ХИВ пред повеќе од една деценија.

By Author