На 09.01.2022 во 21,00 часот на подрачјето на Шуто Оризари од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода 17 годишен малолетник од Кочани по претходна пријава дека извршил тешка кражба во Скопје. Во Полициското одделение Шуто Оризари во присуство на инспектори по малолетничка деликвенција и на стручен тим од ЈУМЦСР и адвокат, бил извршен разговор со малолетникот кој во целост ја појаснил постапката на извршената тешка кражба.
Известен е и дежурен јавен обвинител за малолетници, од каде што е добиено известување дека малолетното лице имало претходна правосилна пресуда и треба да биде спроведено до ВПД Тетово. По целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава соопштуваат од МВР.