Вчера на Сител телевизија во Дневникот во 19 часот гостуваше премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. “Game Change” е континуитет на нашата респозитивност кон граѓаните.Досега докажавме како се менуваме,закони сменивме, даночни полититки, и сето тоа по укажување на граѓаните рече Заев. Тој се осврна на изборите и како тие во неговата партија ја примиле пораката од граѓаните и нивното незадоволство и они ќе се погрижеле за нивните проблеми. Потоа наведе дека тие го зголемиле стандардот,ја покачиле минималната плата,се зголемила просечната плата а намалила невработеноста и така си набројуваше што направиле и што ќе направат.
Слушам и не можам да верувам, па во нашава држава тече мед и млеко.Невработеноста ни е толку ниска што уште малку и Швајцарија ќе ни подзавиди а од Западна Европа на печалба ќе идат во Македонија. Премиерот истакна и дека јавната администрација ќе биде дигитализирана и ќе се добие поголема ефикасност кон добивање одговори и решавање на проблемите и потребите на граѓаните како на локално така и на централно ниво. Со зборот Европа и Европски власта постојано се расфрла на сите страни но од нешто европско мислам дека ќе ни останат само пасошите оние бугарските се разбира бидејќи со ова темпо уште долго нема да бидеме ни блиску до влез.
На 30 кон 31 ќе се менува времето на часовникот а на 31 ќе се случи вториот круг од локалните избори, а дали нешто ќе се промени ќе видиме.Времето ќе покаже дали предизборните кампњи ќе бидат реализирани или ќе ја намалуваме невработеноста со се поголемо иселување на младите.