Ротердам беше градот во кој се вперени сите очи во моментов.По минатогодишното одложување поради корона вирусот ЕВРОВИЗИЈА оваа година се одржа по 65ти пат и блесна во целиот свој сјај во Ротердам Холандија.

Вечерта ја отвори сеуште актуелниот победник Данкан Лоренс со својата нова песна “Feel something”.На сцената се појави и тројниот евровизиски претставник Џони Логан (двапати како изведувач и еднаш како композитор), се потсетивме и на победниците во изминатите 65 години.

Нашиот претставник Васил Гавранлиев се претстави во првата полуфинална вечер заедно со учесниците на петнаесет други земји но за жал неговиот настап не беше доволно убедлив за да избори место во финалето.Покрај Македонија оваа година во финалето нема да настапат ниту претставниците на Хрватска и Словенија.

Шеснаесет земји се претставија во првото полуфинале. Македонија, Литванија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар, Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина и Малта, со тоа што Германија, Италија и Холандија ќе гласаат во ова полуфинале. Додека десет земји од оваа полуфинална вечер кои ќе ги гледаме во финалето се:Норвешка, Израел, Русија, Азербеџан, Литванија, Малта, Кипар, Шведска, Белгија и Украина

By Author