Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55  отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 82,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 52,662 (денари/килограм)

Како причина за промената на цената од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините за 0,882 отсто, кај дизелот за 1,483 и кај мазутот за 3,347 отсто, како и за 0,049 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

By Author