Изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден за желбата на САД да изгради нов светски поредок зборува за „комплекс од повисоки вредности“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Станува збор за комплекс на супериорност и недоволна анализа на ситуацијата – рече Лавров во интервју за РТ, коментирајќи ги зборовите на американскиот лидер кој рече дека на човештвото му треба нов светски поредок и дека САД можат да го изградат.
Тој додаде дека Западот донесувал одлуки за остатокот од светот повеќе од пет века и дека таа ера е при крај.
Лавров рече и дека е неопходно да се реформира Советот за безбедност на ОН.
– Поради мултиполарноста, клучните позиции ги заземаат многу нови субјекти и тоа треба да се одрази и во Советот за безбедност – посочи Лавров.
Како што прецизираше, проблем на Советот е преголемиот број западни претставници.
(Спутник)