Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.А.(30) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза” по член 279- Б од Кривичниот законик. На 08.08.2023, пријавениот набавил 310 килограми тутун спакуван во повеќе пакувања без контролни маркици, по што го пуштил во промет на територијата на државата. На тој начин, тој избегнал да плати акциза предвидена во член 85 став 3 и член 124 став 2 од Законот за акцизи во вкупен износ од 713.000 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија и се стекнал со противправна имотна корист-соопштуваат од МВР.

By Author