Разликата помеѓу успешните и неуспешните луѓе секако дека е голема, имајќи предвид дека сè што правиме влијае на тоа како живееме.
Сепак, она што ги прави успешните луѓе да се издвојуваат од неуспешните, всушност се одлуки кои не изгледаат толку важни кога станува збор за успехот.
Ова се суштинските разлики:
Прифаќање на промените
Промените можат да бидат тешки за многумина, некои едноставно не се справуваат со нови работи и не сакаат промени. За неуспешните, постојаното е најдобриот начин на живот. Тоа се оние кои не можат да се помират со промените и не сакаат да прифаќаат нови работи, нови навики и слично. Додека пак, од друга страна успешните луѓе се подготвени за предизвици, не се плашат од промени, па дури и ги предизвикуваат, со цел да ги надминат своите граници и да ги прошират своите знаења, да стекнат нови вештини и да се обучат за многу други работи во животот.
Бидејќи светот се развива побрзо и побрзо, оние кои сакаат да бидат во чекор со сè што се случува, мора да се навикнат на прилагодување и менување.
Нови идеи
Развојот и успехот започнуваат со една идеја, која носи резултати со текот на времето. Добра идеја е повеќе од половина од работата. Разликата помеѓу успешните и неуспешните луѓе е токму во начинот на кој луѓето ги третираат своите идеи.
Суетата е вообичаена во сите работи, како и љубомората. Конкурентскиот дух е една работа, но стравот од конкуренција не е начин да се победи.
Успешните луѓе се подготвени да ги споделат своите идеи со други во кои, се разбира, имаат доверба претходно. Добар тим, доверба и вештини се доволни за да се создаде нешто одлично од една идеја.
Одговорност
Што и да правите, мора да бидете свесни дека постои можност да направите грешка, не е залудно речено – кој работи, тој греши. Сепак, оние кои се свесни за тоа, го знаат вистинскиот начин да се справат со тоа.
Истото важи и за неуспехот. Не секогаш сè што правите може да биде успешно. За време на процесот на учење и совладување на нови вештини и работи, се случува да доживеете неуспех, што е сосема нормално.
Успешните луѓе се подготвени да прифатат одговорност за своите грешки и неуспеси, и токму по тоа се разликуваат од неуспешните луѓе.
Неуспешните луѓе имаат тенденција да ги обвинуваат другите за нивните неуспеси и грешки, што не ги прави добар соработник, туку личност што многумина ќе ја избегнат.
Успех
Оние кои сакаат да бидат успешни и кои веќе се – искрено им посакуваат успех на другите и се радуваат на туѓата добра работа. Без разлика дали станува збор за карма, ако тие веруваат во неа, или едноставно карактер – не е важно, бидејќи овој квалитет кај човекот многу добар за напредок.
Тајно посакувајќи им неуспех на другите, доведува до лошо влијание врз личните способности. На крајот на краиштата, што имате од тоа да сакате другите да прават лошо во животот?
Учење
Без разлика колку сте успешни во вашата деловна активност и колку сте професионални во областа во која работите, никогаш не престанувајте да учите и да напредувате. Успешните луѓе го прават токму тоа – секој ден е можност да се подобрат и да напредуваат, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди сопствен успех во иднина.
Ако мислите дека „знаете сè“ – грешите. Престанете да живеете во заблуда и обидете се да најдете начин да ги подобрувате своите вештини на дневна основа, што ќе ве инспирира до уште повеќе цели, а со тоа и до уште поголем успех во што и да правите.