Најголемата австралиска држава, Западна Австралија, ги одложува плановите за отворање на својата внатрешна граница поради зголемениот број на заразени со омикрон сојот во источните држави, додека најнаселениот Нов Јужен Велс денес бележи најголем број на смртни случаи од пандемијата.

Во Нов Јужен Велс во последните 24 часа починале 49 лица, меѓу кои и едно дете, додека во Викторија 20 пациенти починале од последиците на Ковид, пренесува Ројтерс.

Сепак, падот на бројот на хоспитализирани во двете земји дава надеж дека Австралија ќе го достигне врвот на овој бран на КОВИД.

Сите држави и територии, освен Западна Австралија, повторно ги отворија своите внатрешни граници во согласност со политиката на живеење со Ковид, и покрај зголемениот број на заразени лица.

By Author