Можеби има надеж за жртвите на насилство. Не можеш некој физички послаб од тебе да психички да го малтретираш, тепаш и давиш, а да не очекуваш дека ќе проработи инстиктот за преживување.
Судот ја ослободи од обвинение велешанката Павлина Илоска, која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер,полицаец од Велес.Таа беше обвинета за кривично дело убиство во миг.
Судијката кажа дека Пале се бранела од сега покојникот. Од ДНК под ноктите на покојникот, полицаец се утврдило дека тој навистина ја давел, посочи судијата. Била влечена за облеката, удирана по нозе и раце, но и глава.
“Согласно кривичниот законик, нужна е одбраната која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи”. Од записникот за увид, по самиот увид на настанот кај обвинетата имало видливи телесни повреди, изразени на главата, вратот и ногата.
“Правната доктрина дозволува нападнатиот да се брани. Тоа што е сторено во нужна одбрана не е кривично дело” додаде судијката.
Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста откако се дозна дека таа неколку пати го пријавувала партнерот за малтретирање но тој не бил гонет.