Легендарниот боксер и градоначалник на Киев Виталиј Кличко реши да и се придружи на армијата на Украина и по тој повод упати апел до сите луѓе кои се на функција да го сторат истото.
Тој посочи дека Украина веќе е во војна со Русија и се приклучи на вежбите за територијална одбрана на Киев.
„Многу од нас служеа во војска и тие вештини треба да се вратат. „Мислам дека таквата обука е од суштинско значење за средните и високите функционери на земјата која е во војна осум години“, рече Кличко.
Овој потег доаѓа по новата ескалација на односите меѓу Украина и Русија, кои се на работ на војна по анексијата на Крим и конфликтите во регионите Доњецк и Луганск.
Кличко ги објасни мотивите за потегот што го направи.
“Мислам дека тоа се карактерни црти кои ги споделуваат сите спортисти. Самодисциплината, педантноста, истрајноста и силно чувство за фокусирање се клучните принципи кои ви помагаат да успеете, без разлика која работа ја работите”, објаснил легендарниот боксер.
На крајот, тој рече дека помошта од пријателите е од големо значење за Украина, а благодарение на неговите врски таа земја има склучено многу партнерства.
„Моите врски се од голема помош и ми даваат голема предност, бидејќи Украина не може да ги надмине тешките предизвици со кои се соочува без пријатели и сигурни партнери“, заклучи градоначалникот на Киев во 2014 година.