Кина сака да ја прошири групата на растечки светски економии позната како БРИКС, изјави денеска кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји.
Бразил, Русија, Индија и Кина првично го формираа блокот во 2009 година, а Јужна Африка му се приклучи во 2010 година, објави Ројтерс.
„Кина предлага да се започне процесот на проширување на БРИКС, да се истражат критериумите и процедурите за проширување и постепено да се формира консензус“, рече Ванг на онлајн состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС.