Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени, вклучително и некои кои останаа заробени под урнатините откако руските сили отворија оган врз главниот град на Украина, соопштија спасувачите.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека областа Шевченковски во северозападниот дел на градот била двапати погодена, што предизвикало пожари во најмалку две високи згради, пренесува агенцијата АП.

Експлозиите, кои разнесоа облаци од црн чад во воздухот, следеа набргу откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа прес-конференција.

https://twitter.com/newsistaan/status/1519732769701523456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519732769701523456%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Feksplozija-kod-tv-tornja-u-hersonu-sad-rusi-brutalno-ubili-ukrajinske-vojnike%2F

Кличко: Три лица ранети во ракетирањето на Киев
Еден проектил ги погодил долните катови на станбена зграда во киевскиот кварт Шевченкивски. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека три лица се пренесени во болница.

Портпаролката на Државната служба за итни случаи Светлана Водолага изјави дека друг проектил погодил зграда во близина на станбена зграда.

By Author