Младите родители често паѓаат во стапица кога станува збор за спиењето на нивните бебиња.
Еве што велат искусните родители дека никогаш не треба да правите бидејќи тоа може само да ги влоши работите.
Спијат полошо
Бебето останува будно подолго
Многу родители живеат во верувањето дека нивните бебиња ќе спијат подобро и подолго наутро ако ги држат будни доцна навечер. Ова е првата стапица! Исцрпените бебиња полошо спијат! Премногу доцна легнување ги доведува децата во „хиперактивен режим“ и им е многу потешко да се опуштат и да заспијат, па така почесто ќе се будат навечер.
Сè уште нема многу правила за новороденчињата, но кога бебето ќе наполни три или четири месеци, вистинското време за легнување е 19 или 20 часот. Штом ќе ја прекине рутината, се јавуваат проблеми.
Често заспивање во движење
Ако бебето често заспива во количка, ви го олеснува извршувањето на обврските надвор, но бебињата кои учат да спијат во движење, тешко можат да заспијат во креветчето, што дополнително создава проблеми.
Ако „фатат“ половина час сон во количка, тоа значи дека нивниот сон не е конзистентен, а бебињата сакаат рутина и постојаност. Важно е бебето да знае кога е време да се подготви за спиење и кои рутини да ги следи.
Во сон знаат да плачат
Земање на бебето во раце веднаш штом ќе заплаче
Природна реакција е тоа што кога ќе слушнете плачење на бебе сакате да го земете и веднаш да го утешите. Сепак, понекогаш тоа може да биде контрапродуктивно.
Бебињата во сон знаат да плачат и да „зборуваат“ додека сонуваат за она што го доживеале тој ден. Не секој звук што го прави детето во сон е повик за помош. Ако мислите дека детето може само да се смири и да заспие, немојте веднаш да трчате и да го подигнете. Дајте му малку време да се обиде да се смири.
Циклуси на будење
Лулање додека не заспие
Тешко е да се избегне оваа замка бидејќи кога ќе дојде бебето, со хранење и пресоблекување облека, лулањето во рацете е речиси сè што правите.
Новороденчето јаде на секои два до три часа, а циклусите на будење се уште се хаотични и често заспиваат на крајот од оброкот. Додека бебето сè уште се навикнува на животот надвор од матката, нишањето и хранењето за да заспие е во ред, но околу четвртиот месец почнува да се гради рутина за спиење.
Во тој момент, хранењето и лулањето може да станат проблем ако тоа е единствениот начин да го натерате вашето бебе да заспие. Бидејќи ноќе се буди од два до шест пати, секој пат кога ќе се подразбуди ќе мора да го нишате.