Пристигнаа на состанок во Скопје во напната атмосфера, бугарските историчари за новата, последна средба за оваа година на Мешовитата историска комисија.

Македонските и бугарските историчари денеска и утре ќе се обидат да дојдат до договор за учебниците по историја во двата образовни система, откако не беше постигнат напредок на изминатите средби по ова прашање.

Сепак, осудата за последниот инцидент со бугарскиот клуб “Цар Борис Трети” во Охрид не изостана. Копретседателот Димитров пред почетокот на состанокот го нарече брутален акт, осврнувајќи се и на агендата и очекувањата за средбата со македонските историчари.

Бугарското МНР не прифаќа делото да се карактеризира како вандалски чин, протестна нота ќе биде испратена преку македонската амбасадорка Агнеса Руси Поповска, а известена е и Европската Унија.

Незадоволен е и бугарскиот претседател Радев.

By Author