Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се и девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 29 за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење на мобилен телефон…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.