Израел рано утринава ја ракетираше северозападна Сирија при што загина едно, а рани шест лица.

Авиони на израелското воено воздухопловство нападнаа магацин со пластика во провинцијата Латакија, пренесува сириската агенција САНА.

Сириските медиуми јавуваат дека жртви на нападот биле цивили, вклучувајќи мајка и син.

Погодени се локации во градовите Хафех и Масијаф во северозападна Сирија, но сириската противвоздушна одбрана возврати, се наведува во извештајот на АП, ама без попрецизни информации и детали.

Сириските државни медиуми пренесуваат дека меѓу другото, била погодена фабрика за производство на пластика, како и дека сириската противвоздушна одбрана соборила неколку израелски ракети пред да стигнат до целите.

Ова е прв израелски напад врз Сирија, откако сириската армија ракетираше цели длабоко во израелската територија пред две недели.

Израел изврши стотици ракетни напади врз воени цели во Сирија поврзани со Иран во последните неколку години, но официјален Ерусалим ретко ги признава ваквите операции.

Сириската противвоздушна одбрана собори неколку израелски ракети, објави сириската армија.

By Admin