Во Шангај во понеделник се измерени 36,1 степен, што е највисока температура регистрирана во тој кинески град во текот на месец мај во последните 100 години.
Претходниот температурен рекорд од 35,7 степени беше регистриран во мај 1876 година, по што такви високи температури беа забележани само уште три пати – во 1903, 1915 и 2018 година, објавија кинеските медиуми, повикувајќи се на Шангајската метеоролошка служба.
Претходно денеска метеоролозите го издадоа првото предупредување за високи температури откако температурата во последните три дена надмина 35 степени.
Во текот на целата 2022 година во Шангај имало 50 дена со температура повисока од 35 степени, пишува CNN.
Југоисточна Азија е погодена од топлотен бран во април и мај.
Овој топлотен бран во Шангај доаѓа во време на низа рекордно високи температури низ Азија во Виетнам, Лаос и главниот град на Тајланд претходно овој месец.
Научниците долго време предупредуваат дека топлотните бранови ќе се влошат како што се забрзуваат влијанијата на климатската криза предизвикана од човекот.