Во пожар во компанија која се занимава со хемикалии и други индустриски стоки, во централната кинеска провинција Хенан, загинаа 38 лица, а две лица се повредени, соопштија денеска локалните власти.
Пожарот бил пријавен во понеделникот доцна попладне, а на пожарникарите им биле потребни повеќе од три часа да го стават огнот под контрола, пренесува АП.
Засега не се знае што го предизвикало пожарот, но не се знае ниту конечниот биланс на жртви.
Кина има долга историја на индустриски несреќи предизвикани од недоволно почитување на безбедносните мерки и процедури.
Лошите услови за складирање, заклучените излези и недостатокот на противпожарна опрема често се наведуваат како директна причина за пожарите, наведува агенцијата.