Американските сенатори на демократите ќе презентираат нов пакет санкции против Русија и лично рускиот претседател Владимир Путин, а тие можат да стапат на сила во случај на ескалација околу Украина, пишува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на соодветните документи.
Долку рускиот претседател Владимир Путин ја нападне Украина“, пишува весникот. На чело на иницијативата е шефот на комисијата за меѓународни прашања во американскиот Сенат, Роберт Менендез.
Санкциите што демократите предлагаат да и ги воведат на Русија може да опфатат високи воени функционери и владини претставници, вклучително и рускиот претседател Путин, а исто така ќе бидат насочени кон клучните банки и системот SWIFT.
Исто така, се бара да се разгледаат „сите достапни и соодветни мерки“ за да се спротивстави на започнувањето на гасоводот „Северен тек 2“, се наведува во написот.
Белата куќа го поддржува предлог законот за санкции против Русија предложен од демократите, пишува американскиот весник, повикувајќи се на претставникот на Советот за национална безбедност на САД.
Да потсетиме, украинските власти, но и бројни западни политичари, во последно време често ја споменуваат можноста за руска офанзива против Украина, иако Москва категорично ги отфрла сите обвинувања, тврдејќи дека Русија нема намера никого да нападне.