Во текот на вчерашниот ден на паркинг од фирма во с.Порој, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Б.(31) од с.Порој, тетовско.
Како што информираат од МВР при преглед во патничкото моторно возило „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона, а притоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.
Лицето е приведено во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, на А.Б. ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.