Британската морнарица денеска во Оманскиот залив заплени повеќе од еден тон дрога, чија вкупна вредност се проценува на 20,3 милиони долари, соопшти британското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, оваа акција е и најголемата заплена од минатата година, кога во Арапското Море беа запленети 2,4 тони недозволени материи, јавуваат британските медиуми.
– Во операцијата која траеше речиси 10 часа, припадниците на морнарицата заплениле 663 килограми хероин, 87 килограми метамфетамин и 291 килограм хашиш и марихуана, објави британското министерство на својата официјална веб-страница.
Акцијата за заплена на дрога е извршена со помош на бродот ХМС Монтроуз, кој ја надгледува областа на Оманскиот залив од 2019 година.