Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег. Во поголемиот дел од државата врне снег, а во одредени региони и дожд.

Се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан.

АМСМ им препорачува на возачите прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

By Author