Украинските и руските медиуми јавија дека по полноќ дошло до експлозија во руската воена база Енгелс. Тамошните власти наведуваат дека нема оштетувања на инфраструктурата, но дека има загинати.

Во нападот загинаа три лица, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Како што истакнуваат, нападот го извршил украински дрон кој подоцна бил соборен.

https://twitter.com/am_misfit/status/1607162962002980864?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1607162962002980864%7Ctwgr%5E0a1400998c112ef95207d8ab59c8ad3194f76b26%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fzestok-udar-na-rusku-teritoriju-ponovo-odjekuju-eksplozije-u-vojnoj-bazi-troje-ljudi-poginulo%2F

„На 26 декември, околу 01:35 часот по московско време, украинско беспилотно летало беше соборено на мала надморска височина при приближување кон воениот аеродром Енгелс во регионот Саратов. Како резултат на падот на остатоците од дронот, тројца руски припадници на технички персонал кои биле на аеродромот смртно настрадале“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

By Author