Подршка за Украина, денес многу европски згради се осветлени во боите на украинското знаме.

Во Украина и низ Европа се одржуваат неколку комеморативни собири и настани на годишнината од руската инвазија на Украина.

Активисти во Германија поставија запалени свеќи формирајќи знак за мир пред Бранденбуршката порта во Берлин.

На плоштадот Трафалгар во Лондон се одржува митинг и бдеење во организација на украинската и американската амбасада.

Низ цела Украина, каде што и денеска се водеа борбени операции, граѓаните запалија свеќи во спомен на загинатите во конфликтите.

Фотографиите од воените гробишта во Лавов покажуваат членови на семејството кои се собрале на комеморацијата на паднатите војници.

Препознатливите европски градби вечерва се во боите на украинското знаме.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер објави дека вечерва европските згради се во боите на Украина.

„Ја почитуваме храброста на украинскиот народ. Спомени за паднатите. Храброста на целата земја во отпорот. Нека ова осветлување биде потсетник дека заедно можеме да ги надминеме и најтемните времиња“, рече таа.

Во боите на украинското занаме е и Ајфеловата кула во Париз.

Конфликтот во Украина, најголемиот на европско тло по Втората светска војна, започна пред точно една година на 24 февруари.

By Author