Драма се случила во Струга кога 39 годишниот стружанец со неколку убоди ја усмртил 5 години помладата сопруга,па се обидел да се самоубие.
Убиството се случило по кавга која настанала додека парот бил на гости кај нивни пријатели.Убиецот бил префрлен во болница каде му била извршена операција и е надвор од животна опасност.Жртвата починала на лице место и зад себе оставила две малолетни деца.
По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во станот во Струга каде беше убиена жената на возраст од 34 години.