Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње добил понуда која не се одбива и се поизвесно е дека ќе ја напушти Италија по истекот на договорот.
Се поблиску е разделбата на Наполи и капитенот Лоренцо Инсиње. Договорот за италијанската репрезентација истекува на лето, а клубот не е подготвен да му ја исплати посакуваната сума на пари и да понуди плата од 5.000.000 евра по сезона, колку што заработува сега.
Наполитанците се подготвени да да понудат 3.500.000 евра, но Инсиње и неговите претставници сметаат дека тоа е премалку. Тоа и не треба да чуди многу, бидејќи има заинтересирани, а тимот од Торонто е подготвен да ја удвои понудата на Наполи.
Торонто е подготвен да понуди 11.000.000 евра нето по сезона и 4.500.000 преку разни бонуси! Инсиње би добил договор за пет и пол години, што е важна ставка ако се земе предвид дека Италијанецот има само 30 години.
Инсиње ги бранеше боите на Наполи 415 пати во кариерата и постигна 114 гола со 95 асистенции. Сезонава е нешто послаб и на 18 натпревари постигна пет гола и шест асистенции.