„Најдобрите и најубавите работи на светот не можат да се видат, ниту да се допрат – тие мора да се почувствуваат со срце.
ОВЕН
Работа: Бидете максимално ангажирани, но и упорни во она што го работите и очекувајте одличен краен резултат.
Љубов: Повеќето Овни ќе имаат нормално стабилен ден во љубовната сфера, без навестување дека некој неочекуван настан би можел значително да го наруши.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Со соодветна организација, безбедно и без брзање, повеќето Бикови денес ќе успеат да ги остварат своите планови без поголеми пречки.
Љубов: Потрудете се да внесете некои позитивни промени и новитетот во вашата врска ќе ве задоволи.
Здравје: Одлично.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Голема професионална вклученост ги очекува повеќето Близнаци денес. Направете големи чекори кон целта. Можна е нова деловна понуда.
Љубов: Можна е интересна средба со личност која одамна оставила трага на вашето срце.
Здравје: Хронични заболувања.
РАК
Работа: Некои од Раковите би можеле да започнат нови деловни приказни и сосема нов период на професионален ангажман.
Љубов: Ве очекува сосема обичен и просечен ден без некоја посебна ваша вклученост во љубовната сфера.
Здравје: Пазете се од инфекции.
ЛАВ
Работа: Можна е нова понуда за работа или можност да направите нешто поразлично, нов деловен проект кој би можел да ја подобри вашата финансиска состојба.
Љубов: Имате отворена врата за авантура и забава, за излегување и дружење. Изберете и уживајте максимално.
Здравје: Можни респираторни инфекции.
ДЕВИЦА
Работа: Бидете фокусирани и упорни во она што го работите, но посветете доволно внимание на роковите што треба да ги запазите.
Љубов: Доколку сакате да ги избегнете проблемите во комуникацијата со саканата личност, со директен и јасен став разјаснете што (не) сакате.
Здравје: Хронични проблеми со зглобовите.
ВАГА
Работа: Стабилна и мирна ситуација на деловно поле ќе им годи на Вагите денес, но затоа водете сметка за финансиите.
Љубов: Добар ден е за настани и конкретни акции во љубовната сфера, можеби убав подарок или предлог за излегување со саканата личност.
Здравје: Внимавајте на крвниот притисок.
ШКОРПИЈА
Работа: Мора да се вооружите со трпение и да чекате подобар момент за да започнете некои посериозни проекти и промени на деловен план, а тоа секако не е далеку.
Љубов: Дружењето со пријателите и познаниците ќе ви користи лично, но претставува и добра средина во која можете да очекувате добра комуникација и можеби некоја искра на страст.
Здравје: Чувствителност на ‘рбетниот столб.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Повеќекратно проверувајте ги информациите што ви доаѓаат од соработниците. Можно е некој намерно да крие нешто од вас.
Љубов: Позитивна енергија, треба да донесе позитивна и убава размена на емоции со саканата личност.
Здравје: Можна несоница.
ЈАРЕЦ
Работа: Континуирана работа без навестување за поголеми потешкотии ги очекува повеќето типични Јарци овој четврток.
Љубов: И овој ден нема пречки на вашиот љубовен пат. Би уживале да излегувате заедно или да се дружите со пријателите.
Здравје: Одлично.
ВОДОЛИЈА
Работа: Доколку имате конфликт на мислења и несогласување помеѓу вашите идеи и идеите на вашите деловни соработници, не дозволувајте да ве понесе импулсивноста, важно е да не се откажувате, ќе има прилика да го истерате своето .
Љубов: Не ја изоставајте саканата личност од заеднички активности, дружење и излегување со пријателите.
Здравје: Психофизички замор.
РИБА
Работа: На повеќето типични Риби им претстои малку помирен и порелаксиран ден. Многумина ќе имаат можност да иницираат нови соработки или комуникација со странски земји, нешто што долго го посакувате.
Љубов: На вашата љубовна врата тропа или стара љубов или сосема нова љубов. Добро размислете што да правите.
Здравје: Хроничен замор.