Не зависи од тебе дали ќе бидеш богат, ама од тебе зависи дали ќе бидеш среќен.
ОВЕН
Работа: Може да очекувате да успеете во вашите намери на полето на деловните активности и да бидете задоволни на крајот од денот.
Љубов: На љубовен план ве очекува убава атмосфера и добро расположение. Не расипувајте.
Здравје: Пазете се од настинки.
БИК
Работа: Им претстои многу добар работен ден на Биковите, она што го започнавте во изминатиот период ќе почне да дава резултати и ќе бидете повеќе од задоволни од нив.
Љубов: Слободните Бикови можат да имаат одредени дилеми и сомнежи кога станува збор за личноста која ја привлекува бидејќи се уште не ја запознале доволно.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: На Близнаците им претстои солиден работен ден, за да можат опуштено и без поголеми проблеми да ги завршат задачите. Многу работи ќе почнат да си доаѓаат на свое место, ваше е да го следите тој ритам.
Љубов: Ве очекува засилување на расчистувањето на љубовното поле. Би било добро да бидете пофлексибилни од вообичаено.
Здравје: Вратот и рамената страдаат од стрес.
РАК
Работа: Може да се појават нови деловни можности за нови квалитетни зделки или соработки кои ќе ве придвижат во вистинската насока. Само полека и одвојте време.
Љубов: Поволен ден е за излегување, дружење со пријателите и опуштање, искористете го на вистински начин.
Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања.
ЛАВ
Работа: Поволен ден за Лавовите енергично да се посветат на деловните обврски. Она за што треба да се грижите се документите што ги потпишувате.
Љубов: Обидете се да не и давате на саканата личност причина за љубомора и сомнеж во вашата верност, во спротивно ве очекува прилично бурен ден.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Девиците треба да се справат со можните нови деловни предизвици со што помала иритација и да се обидат да го најдат најдоброто решение со помош или совет од доверлива личност.
Љубов: Не двоумете се искрено да ги покажете своите емоции, особено ако уживате во целосно внимание и разбирање од вашата сакана.
Здравје: Зајакнете го имунитетот, одморете се доволно.
ВАГА
Работа: Иако не сте најдобро расположени и желни за работа, потрудете се барем тековните обврски да ги завршите навреме за да не станете мета на критики од претпоставените.
Љубов: И покрај вашата желба и труд денот да помине во лесен ритам во љубовната сфера, од другата страна можете да очекувате многу забелешки и негативни коментари.
Здравје: Променливо расположение.
ШКОРПИЈА
Работа: Можно е да се сретнете и да разговарате со личност со која претходно сте соработувале, па еве можност можеби да ја обновите соработката и да започнете заедничка креативна идеја.
Љубов: Подготвени сте за акција и имате големи љубовни планови, затоа преземете решителни чекори напред.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не бидете нетрпеливи кога е во прашање реализацијата на некоја работа, нема причина за грижа. Проверете ги сите информации од повеќе извори.
Љубов: Реално е да очекувате дека и денес некои ситници во однесувањето на саканата личност ќе ве изнервираат. Ова не се толку важни работи како што сега ви изгледаат, затоа обидете се некако да најдете компромис.
Здравје: Многу добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Би било добро да се обидете трпеливо да одговорите на евентуалните конфликти на мислења кои би можеле да ве очекуваат денес со деловните соработници. Не извлекувајте некои приказни од минатото.
Љубов: На љубовен план можете да очекувате барем едно пријатно изненадување од личноста за која се грижите, кое секако треба да ви го подобри расположението.
Здравје: Нежност на зглобовите, ситни коски.
ВОДОЛИЈА
Работа: Некои деловни приказни, договори, како и прашања поврзани со документацијата можат сосема неочекувано да се движат кон решавање или реализација.
Љубов: Сите оние кои имаат недоволно дефинирани партнерски односи, или влечат опаш од минатото, пред се ќе треба да расчистат, па дури потоа да се запрашаат што сакаат во иднина.
Здравје: Потребен ви е квалитетен сон, пишува астропутник.
РИБА
Работа: Претстои многу добар работен ден за Рибите. Некои работи можат да се движат во насока која ви одговара, затоа бидете мирни и одговорни во она што го правите.
Љубов: Вашиот фокус сепак треба да биде на дружење, излегување и опуштање, иако нема навестување за посериозна љубовна врска.
Здравје: Пазете се од настинки.